Нова сообраќајна трагедија во Скопје. Имено, Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на општинската зграда во Ѓорче Петров, информира полицијата
-На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „Ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај, соопшти МВР.
На местото на несреќата починал пешакот С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.