Успева ли полицијата да ги скроти пребрзите возачи?

Пребрзото возење по македонските сообраќајници е вообичаена работа. Многумина го прават тоа. Успева ли полицијата оваа опасна работа да ја намали?

Од МВР посочуваат дека во текот на вчерашниот ден биле казнети 241 возач кои со своето возило се движеле над дозволената брзина.

-Од 241 возило, шест се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 105 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 136 надвор од населено место, посочува полицијата.

МВР вели дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила.

Дали акциските контроли и апелите се доволни? Дали можеби треба да се размислува и за посеопфатно и подолготрајно работење на терен, за построги казни-законодавство, за посериозно судство…?

Мора да се бара дополнително чаре – собраќајното дивјаштво во Македонија често предизвикува трагични последици.

Претходна вестПратениците на СДСМ ќе ги послушаат ли 72,8 отсто од Македонците?
Следна вестПановски: Уште не ни требаат нови ковид-мерки