Над 30 проценти од семејствата во земјава се брачни парови без деца

Од вкупно 538.384 семејства во земјава нив 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Во објавените подароци се наведува и тоа дека според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив.

Инаку, 62 отсто од семејствата живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина.

Над 26 илјади семејства или 4.9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години

Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живее со нив.

Претходна вестНови 897 заразени од корона вирус, починаа две лица
Следна вестНа бизнисот и на граѓаните им се ветува дека струја ќе има, секој мегават е „чисто злато“