Младата македонска режисерка Дина Дума доби две награди за филмот „Скејтањето не е за девојчиња“, на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал.
Синелинк е најзначајниот регионален копродукциски маркет, а „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција со 46 филмски проекти во развој.
Сараевскиот филмски фестивал вечерва се затвара со најновиот филм на Пјер Жалица, „Празник на трудот“, каде „Сестри и брат Митевски продукција“ е македонски копродуцент со поддршка за малцинска копродукција од Агенцијата за филм.