Од денеска до 28 август во охридско-струшкиот регион се одржува четвртиот по ред Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“. Учествуваат свтори од Украина, Бугарија, Албанија, Хрватска и од Македонија.
– Особено се радувам на ваквите настани затоа што со нив се збогатува културната понуда на Охрид и се разменуваат ставови и искуства на млади пишувачи на убавиот збор од повеќе земји. Во време на дигитално општество, кога социјалните мрежи стануваат доминантни на комуникациски план, станува реткост да се прочита проза или поезија од пишуван труд. Пишувањето и читањето се особено значајни во процесот на социјален развој на единката и затоа секогаш треба да се преферираат и негуваат, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на отворањето на фестивалот.
Учесниците на кампот ќе посетат неколку убавини на околината на Охрид, а меѓу првите посети е Вевчани.