Темен режим Режим на светлина

Ковачевски очекува дека не 80, туку 120 пратеници ќе гласаат за уставни измени

Премиерот Димитар Ковачевски очекува дека не само 80, туку сите 120 пратеници ќе ги поддржат уставните измени. Не кажува како тоа ќе се случи, ако се знаат позициите на ВМРО ДПМНЕ и Левица, но и на дел од помалите партии во коалицијата на власт.

-Тоа е обврска на секој пратеник, бидејќи имаат обврска пред граѓаните и обврска према државата и према сите граѓани кои живеат во неа. Затоа постои дискусија во Собранието која треба да биде базирана на аргументи. Сите политички партии не смеат ваквите прашања да ги користат за тесно-партиски интереси, а гледаме дека во дел од политичките партии тоа се користи, заради задржување на дел од претседателски места на лидери, итн. Но не, тоа е прашање кое треба да го имаат како државен интерес за сите граѓани, вели Ковачевски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повтори дека ниеден пратеник на ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи измена на Уставот заради внесување на Бугарите во него. Нагласи дека продолжуваат со активна блокада на Собранието од вторник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полицаец со службено возило прегази пешак во Скопје

Следна објава

Од денеска до 28 август трае четвртиот Балкански камп за млади „Ванчо Николески“