ВМРО ДПМНЕ: Заради СДС 500 000 граѓани живеат само со 150 денaри дневно, само итни избори се решение

Народот не ги поддржува политиките на антимакедонската СДС, тоа се докажа на изборите во Тетово, а премиерот Димитар Ковачевски се плаши дека катастрофално ќе изгуби – па затоа бега од предвремени парламентарни избори, смета ВМРО ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ го победи СДС во сооднос 2:1. Поразот на СДС во Тетово, ќе биде пораз за СДС во цела Македонија. Со противењето на идејата за избори, бегајќи од соочување со народот, антимакедонската СДС покажува само колку се мизерни и себични, за ден повеќе на функции, се подготвени да ја банкротираат државата. Заради СДС денес 500.000 наши сограѓани го живеат денот со само 150 денари, а бројката на луѓе во сиромаштија само ќе се зголемува со бандата од антимакедонската СДС на власт, истакнуваат од партијата во соопштение од изутрината.

Од ВМРО ДПМНЕ се децидни дека единствено предвремени парламентарни избори час поскоро, се решението.

Претходна вестПретежно суво време цел викенд, во Скопје попладне услови за дожд
Следна вестОсмани без конкретен коментар за апелот на над 150 македонски академици и научници и без осуда за Џамбаски