Три дена матичните лекари нема да издаваат рецепти, протестираат оти Владата со месеци е глува на нивните барања

Нема издавање рецепти три дена, на 5,6 и 7 септември – на овој начин матичните лекари во знак на протест заради неисполнување на неколкумесечните барања, ќе инсистираат да си ги остварат. Исто така овие три дена тие нема да издаваат упати.

Лекарите очекуваат дека на овој начин ќе ги освестат здравствените власти да се посветат на овој проблем на следната владина седница. Пред се бараат зголемување на капитациониот бод.

-Ставот на членството е да се изрази револт поради неисполнување на ниту едно барање, со протест на работните места. Еве, упатуваме апел и до граѓаните, до нашите пациентире, од утре од понеделник да дојдат за добивање на рецепти за хроничната терапија, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватните лекари.

Од Здружението ги прашуваат надлежните дали знаат што ќе се случи кога стотина лекари со наполнети 64 години овој период ќе отидат во пензија и илјадници пациенти ќе останат без матичен лекар.

Претходна вестОсмани без конкретен коментар за апелот на над 150 македонски академици и научници и без осуда за Џамбаски
Следна вестРевизорите го извадија „нечистиот веш“ на МВР: Издавани пасоши без процедура, купувана храна и пијалоци без тендери…