Полицаец со службено возило прегази пешак во Скопје

Тешко повреден 63-годишник во кој удрило полициско возиоло. Имено, полицаец со полициско возило „Дачија“ вчера удрил во 63-годишен пешак на паркинг во Скопје.

Според информациите, инцидентот се случил на паркинг простор на ул. Димче Мирчев, кога полицаецот С.С. (45) удрил во лицето Г.Ј.(63) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестЕксхумација и обдукција за утврдување на причините за смртта на пациентот од Берово
Следна вестКовачевски очекува дека не 80, туку 120 пратеници ќе гласаат за уставни измени