Во изминатово деноноќие направени се 787 тестови, а регистрирани се 81 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 56, Прилеп – 5, Битола, Кратово и Куманово – по 3, Кавадарци, Охрид, Тетово и Штип – по 2, Берово, Гевгелија и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (81), регистрирани се 25 реинфекции, односно, речиси секој трет случај е со повторното заразување на заболените. Регистрирани се 77 оздравени пациенти од: Скопје – 54, Битола – 9, Прилеп – 6, Куманово – 3, Тетово и Ккавадарци – по 2, Велес – 1.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.696, бројот на оздравени пациенти е 332.787, на починати е 9.531 а бројот на активни случаи изнесува 378.