Регистрирани се 68 нови случаи на Ковид-19 од направени 659 тестирања во последните 24 часа, соопшти денеска Министерство за здравство. Најмногу нови заразени има во Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип по 3, Куманово, Битола и Велес по 2 и Кичево – 1.
Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции. Од оздравените пациенти, во Скопје се 32, Битола – 3, Гостивар и Неготино по 2 и Штип – 1.
-Регистрирано е едно починато лице од Скопје (83 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 до 28.09.2022 година, се наведува во информацијата.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265.