Воздухот во Скопје утринава повторно е значително загаден. Ова го покажува и утринското рангирање на македонската метропола на странцата „Iqair“ на којашто Скопје беше рангирано на 10-то место во светот а околу 9 часот на 12 место по степенот на загаденоста на воздухот. Во регонот најзагаден воздух утринава дишеа жителите на Белград кој рано утринава беше рангиран на петто а потоа на седмо место во светот.
Очигледно, доволни беа неколку облачни дена за да воздухот во градот повторно стане загаден.
Надлежните власти се уште не најавуваат некои конкретни мерки во однос на овој проблем. Очигледно, се чека ситуацијата да стане уште полоша за да се преземе нешто…