На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, соопшти денеска МВР за вчерашните сообраќајни контроли.
Имало и 14 мерки за возење без возачка дозвола и 31 санкција за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за возач почетник…, се наведува во информацијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.