Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека во текот на вчерашниот ден три лица биле каснати од кучиња.
– Најпрво во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, В.М.(55) од Скопје пријавил дека во населбата Радишани бил каснат од куче скитник. Потоа во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.А.(44) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник, а во 18.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ѓ.(35) од Скопје пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник, се вели во полицискиот билтен.