Приведени скопјанец и прилепчанец, кај нив пронајдена марихуана

Две лица се уапсени во оделни акции во Охрид и Скопје. Кај двете лица била пронајдена марихуана.

Вчера во 13.25 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.П.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп. При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана, информираат од МВР.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВо стан пронајден мртов маж
Следна вестТри лица каснати од кучиња за еден ден во Скопје