Блинкен ја откажа посетата на Кина поради шпионскиот балон

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го одложи патувањето во Кина откако беше откриен кинески шпионски балон како прелетува над територијата на САД.

Колку за потсетување, откако Пентагон објави дека лебди балон над САД, за кој постои сомневање дека е шпионски уред, се огласија од Пекинг и ги демантираа американските наводи.

 

 

Според изјавата на претставник на Министерството за надворешни работи на Кина, балонот за кој Американците тврдат дека е шпионски, всушност е уред на некој цивил која скршнал од планираната рута.

– Главно се користеше за метеоролошки цели. Жалиме за ненамерното влегување на балонот во американскиот воздушен простор – појасниле од таму.

Според американските власти, балонот прелетал над Алјаска и низ Канада пред да биде регистриран над градот Билингс, Монтана. Објектот, исто така, предизвика сомнежи бидејќи Монтана е дом на некои од американските нуклеарни силоси.

– Соединетите Американски Држави одлучија да не го соборуваат балонот поради опасноста од остатоците кои би паднале на земја – пишува Би-Би-Си.

Претходна вестТројца скопјани каснати од кучиња скитници
Следна вестПолицијата казни 42 автобуси што превезуваат ученици