Полицијата казни 42 автобуси што превезуваат ученици

Полицијата денеска во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Македонија спроведе акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 42 сообраќајни прекршоци.

– Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, велат од МВР.

Претходна вестБлинкен ја откажа посетата на Кина поради шпионскиот балон
Следна вестСо пари од игрите на среќа Владата ќе финансира невладини организации