Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег.
Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено наутро и кон крајот на денот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
Во недела времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.
Потоа во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.