Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека не гледа проблем Бугари да дојдат и да го слават Гоце Делчев, но не како бугарски револуционер туку како македонски. Ова го порача од пред црквата Свети Спас каде со делегација од ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе. Одговарајќи на прашања од бугарски новинари им порача дека нивните политичари се естрадни циркузанти.
– Вашите политичари не враќаат во средниот век, а не нѐ носат во 21 век. Наместо да зборуваме за вештачка интелигенција, размена на технологии, тие не враќаат во средниот век. За да соберат ситни поени, бугарските политичари кои за да соберат ситни политички поени се прават себеси тоиа што не треба да се прават. Тие стануваат естрадни циркузанти од политичари, рече Мицкоски.
Тој на новинарите од Бугарија им посочи: Пријателите можете да ги бирате, соседите не можете.
– Треба сите да се почитуваме ако сакаме да градиме добри односи. Со негирање на македонскиот јазик, култура, вие не можете да ги почитувате. Па доколку тие одлучиле да го слават Македонецот Гоце Делчев не гледам зошто би имало проблем. Ние сме мирољубив народ, секој што доаѓа со добра мисла, го почитуваме и очекуваме да нѐ почитува, додаде Мицкоски.