Пратеникот што гледаше порно во српското собрание поднесе оставка

Пратеникот на српските социјалисти, Звонимир Стевиќ (66), поднесе оставка од пратеничката функција кога на социјалните мрежи се појави видео на кое гледа порнофилм на седница за Косово во српскиот парламент.

-Пред половина час поднесов оставка од функцијата пратеник. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се пак за два часа, кусо изјавил Стевиќ, според српските медиуми.

Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово, како и заменик-член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик-член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

Воедно, тој е и претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово со резиденција во Приштина.

Претходна вестЕрдоган прогласи вонредна состојба на 3 месеци во 10 провинции
Следна вестЗемјоделките добиваат платено отсуство за мајчинство