Ердоган прогласи вонредна состојба на 3 месеци во 10 провинции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, прогласи вонредна состојба во следните три месеци во 10 погодени провинции од земјотресот.

-Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Нашето најголемо достигнување е тоа што до сега спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани под урнатините. Турција се соочува со една од најголемите катастрофи не само во својата историја туку и во светот, истакна турскиот претседател.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреса што вчера ги погодија јужна Турција и западна Сирија постојано расте и според последните податоци се работи за повеќе од 5.000 жртви.

Земјотресите зад себе оставија илјадници повредени и луѓе што останаа без покрив над главата бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Претходна вестАВМУ ќе донира милион денари помош за Турција
Следна вестПратеникот што гледаше порно во српското собрание поднесе оставка