АВМУ ќе донира милион денари помош за Турција

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе додели финансиска помош – донација во висина од еден милион денари за санирање на последиците од земјотресот што ја погоди Република Турција.

-Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност, соопшти АВМУ.

Агенцијата изразува сочувство до семејствата на настраданите и до турскиот народ.

 

 

Претходна вестРаботник на „Комунална хигиена“ згмечен од камион на кој стоел
Следна вестЕрдоган прогласи вонредна состојба на 3 месеци во 10 провинции