При несреќен случај во скопско повреден е работник на „Комунална хигиена“. Имено, вчера на комплексот клиники “Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди е примен работник задолжен за чистотата на Скопје. Повредениот триесет и четири годишен М.П случајно бил нагмечен од камионот со кој управувал неговиот колега Р.Ш (55)
– Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во с. Сингелиќ, товарно возило на ЈП ‘Комунална хигиена’ со скопски регистарски ознаки движејќи се наназад удрило во бетонски ѕид од куќа, со што го нагмечил работникот кој стоел одзади на металната контрукција на возилото, соопшти МВР.
Извршен бил увид од полициска екипа и се работи на расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




