Сончево со малку облаци и умерен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, прогнозира УХМР.

Утринската температурата ќе се спушти до минус 13, а дневната ќе искачи до 7 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи до минус 6, а дневната до 3 степени.

Претходна вестЗемјоделките добиваат платено отсуство за мајчинство
Следна вестПриведени четири лица за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград