Убаво: Никола Стојанов, учесник во НОБ и борец против фашизмот, наполни 100 години

Роденден денеска слави претседателот на Сојузот на антифашистишките борци во македонија – д-р Никола Стојановски. Денот е посебен поради бројката која ќе биде на роденденската торта.

-Претседателе, нека ви е честит 100-от роденден!, вака утрово Боречката организација му честита на претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци од Народно ослободителната и  антифапистичка војна на Македонија (НОАВМ) 1941-1945 година.

Стојановски е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна. Тој сведочи за славните борби на македонските партизани за ослободување на Македонија од окупаторите и фашизмот.

Д-р Никола Стојановски е роден во 1923 година во селото Скачинци, велешко. Завршил Медицински факултет во Белград, специјализирал педијатрија, а подоцна се стекнал и со титулата доктор по медицински науки. Речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав.

Д-р Никола Стојановски е одликуван со повеќе признанија за неговите несебични заложби за подобро утре на нашата држава, за борбата за слобода и независност и како успешен претседател на Сојузот на борци.

Претходна вестОддлеченост меѓу училиштата и казината и обложувалниците ќе мора да биде најмалку 500 метри
Следна вестНад милион лица протестираа во Франција против пензиските реформи