Темен режим Режим на светлина

Пратеникот што гледаше порно во српското собрание поднесе оставка

Пратеникот на српските социјалисти, Звонимир Стевиќ (66), поднесе оставка од пратеничката функција кога на социјалните мрежи се појави видео на кое гледа порнофилм на седница за Косово во српскиот парламент.

-Пред половина час поднесов оставка од функцијата пратеник. Не можам повеќе да зборувам, јавете ми се пак за два часа, кусо изјавил Стевиќ, според српските медиуми.

Стевиќ беше член на собраниската Комисија за Косово, како и заменик-член на Комисијата за уставни прашања и законодавство и заменик-член на Комисијата за административно-буџетски и мандатно-имунитетни прашања.

Воедно, тој е и претседател на покраинскиот комитет на социјалистите за Косово со резиденција во Приштина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ердоган: Турција работи на мир во конфликтот САД-Израел – Иран

Ердоган прогласи вонредна состојба на 3 месеци во 10 провинции

Следна објава
Големи бројки пари се делат за земјоделството, а мали се бројките на произведеното, министерството да го решава проблемот

Земјоделките добиваат платено отсуство за мајчинство