Скандалозно, неприфатливо и спротивно на националниот интерес е во Годишната програма да не се издвојат средства за годишните награди на ДПМ – „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“, „Стале Попов“ и „Ванчо Николески“, оцени претседателството на Друштвото на писателите на Македонија. Ваквата реакција следеше по оддржаниот вонреден состанок откако беа објавени резултатите од Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес од културата за 2023 година.
– Се залагаме за почитување на приоритетите во културата, а книжевните награди кои ги носат имињата на нашите писатели – стожерници несомнено се еден од врвните приоритети во доменот на книжевноста и културата. Тие се наши великани, основоположници и меѓници, чии што имиња и дела се вградени во темелите на идентитетот, јазикот и македонската литература, се вели во фејсбук рекацијата на ДПМ.
Исто така, оттаму предлагаат преку страницата на Министерствтото за култура на јавноста да ѝ биде достапен списокот на сите предложени книги за публикување, а не само имињата и насловите на избраните проект.
Иако со отсуството на поддршка во Годинешната програма дејноста на ДПМ во 2023 година е доведена во прашање, оттаму велат дека нема да дозволат најстарата, најрепрезентативната и најмасовната писателска асоцијација која постои и опстојува веќе цели 76 години, да не го продолжи својот пат кој е во тесна врска со националните интереси.