Словенечки претседател го продаде своето „Рено“ 4 за 60.000 евра, парите ги донираше за болни деца

Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде својот автомобил Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца заболени од рак.

Автомобилот го купил за 500 евра, а го продал за 120 пати поскапо. Повод за продажбата бил меѓународниот ден за деца заболени од малигни болести кој се одбележа на 15 февруари.

– Тоа се многу пари за добра цел, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.

Претходна вестДПМ: Скандалозно и неприфатливо е државата да не финансира проекти од национален интерес
Следна вестЛевица: Погрешните владини политики доведоа до највисока инфлација во регионот