Лонардо да Винчи го сфатил клучниот аспект на гравитацијата пред Ајнштајн

Во книгите со цртежи на Леонардо да Винчи се откриени скици кои покажуваат дека тој ја сфатил суштината на Ајнштајновиот „Принцип на еквивалентност“ од 1907 година, векови пред физичарот.

– На скиците на Леонардо да Винчи кои беа заборавени со децении, се гледаат триаголници формирани од честички слични на песок што се излеваат од бокал. Овие зрна што паѓаат прикажувале експерименти што покажуваат дека гравитацијата е форма на забрзување повеќе од 400 години пред Ајнштајн да го стори тоа, тврди една нова студија.

Ајнштајн прв ја формулирал идејата дека искуството да се биде забрзан од гравитацијата и да се биде забрзан во однос на фиксна референтна рамка не се разликуваат, а ја нарекол  „Принцип на еквивалентност“ во 1907 година. За да го стори тоа, Ајнштајн ги проширил идеите од откритието на Исак Њутн од 1687 година на универзалниот закон за гравитационо привлекување (кој вели дека секој објект во универзумот го привлекува секој друг со сила поврзана со нивните маси и обратно поврзана со квадратот на растојанието што ги дели) и заклучокот на Галилео Галилеј од 1604 година за законот за слободен пад (кој вели дека без отпор на воздухот, сите маси паѓаат со исто забрзување).

– Не знаеме дали Да Винчи направил дополнителни експерименти или подлабоко го истражил ова прашање, вели во соопштението на водечкиот автор Мори Гариб професор по аеронаутика и медицински инженеринг на Калтек.

Сепак,  фактот што тој се занимавал со овој проблем на овој начин во раните 1500-ти  покажува колку напредно било неговото размислување.

Да Винчи бил сликар, архитект, пронаоѓач, анатомичар, инженер и научник. Самообразован, тој наполнил десетици тајни тетратки со фантастични пронајдоци и анатомски набљудувања. Покрај  деталните цртежи на човечката анатомија, неговите тетратки содржат дизајни за велосипеди, хеликоптери, тенкови и авиони. Од речиси од 13.000 страници на такви скици, кои подоцна биле собрани во кодекси, сочувани се помалку од една третина.

Наодите биле објавени на 28 ноември 2022 година во списанието на Леонардо.

 

 

Претходна вест27-годишник си ја претепал сопствената мајка
Следна вестНаучници одгледуваат загрозен вид морски ѕвезди во лабораторија