171 сообраќајна казна се изречени во текот на вчерашниот ден. Четириесет и три лица лица возеле пребрзо, шест без возачка…
– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот на територија на град Скопје изрече вкупно 171 мерка,од кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 6 за возење без возачка дозвола, 3 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 5 мерки за користење мобилен телефон при возење, 4 санкции за возење без сигурносен појас, 3 за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се вели во соопштението на МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.