Највисок офицер на германската армија: Aрмијата што имам должност да ја водам е повеќе или помалку гола

Според германскиот министер за одбрана Борис Писториус, армијата не е подготвена да ја заштити земјата од воена агресија. Тој тврди дека Германија не би можела да се одбрани доколку врз неа се изврши како што вели брутална офанзива.

– Немаме вооружени сили кои се способни да ја бранат земјата, односно способни да ја бранат од офанзивна, брутално агресивна војна, рече Писториус, а пренесува германската новинска агенција ДПА.

Министерот рече дека Бундесверот е недоволно екипиран и недоволно опремен по децении запоставување од федералната влада. Писториус додаде дека Германија ќе мора да инвестира многу повеќе во својата војска за да биде во согласност со стандардите на НАТО.

Генерал-полковник Алфонс Маис, командант и највисок офицер на германската армија, изјави за агенцијата ДПА во неделата дека 100-те милијарди евра претходно ветени од канцеларот Олаф Шолц нема да бидат доволни за да се подготват вооружените сили на земјата. Тој понатаму додаде дека „армијата што имам должност да ја водам е повеќе или помалку гола“.

Дополнителни забелешки за недостигот на борбена готовност на Бундесверот дојдоа од претседателот на Здружението на вооружените сили на Германија, полковник Андре Вустнер, кој во интервјуто во неделата за „Билд“ тврдеше дека од околу 300 тенкови „Леопард 2“ на залиха, „само 30 проценти се оперативни во моментов“.

И покрај ваквата оценка, Германија дава голема поддршка на Украина во конфликтот со Русија, понекогаш на сметка на сопствените одбранбени способности. Армин Папергер, извршен директор на „Рајнметал“, изјави во вторникот дека Владата ѝ префрлила на Украина два најсовремени системи за воздушна одбрана, наменети за заштита на германскиот главен град.

Претходна вестОд 171 сообраќајна казна, 43 се за пребрзо возење низ Скопје
Следна вестРуски медиуми: Украинците ја нападнаа нашата територија, држат заложници