Бројот на вработени во Кина намален за повеќе од 40 милиони

Работната сила во Кина последните три години е драстично намалена. За загубата на над 40 милиони работници се наведуваат последиците од Ковид 19 пандемијата и како и големиот број на пензионирања во земјата.

– Намаленото работоспособно население во Кина е предизвикано од зголемувањето на бројот на пензионери, Кина има најголема популација и работна сила од која било земја во развој, изјави Ју Џиадонг, заменик-министер за човечки ресурси и социјална сигурност.

Стјуарт Гител-Бастен демограф на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг пак, рече дека падот на бројот на работници ги одразува факторите како што се поголемата невработеност кај младите поради пандемијата, како и намалувањето на бројот во класичната работна возрасна група на работоспособното население.

Бројот на луѓе во Кина на возраст меѓу 16 и 59 години постепено се намалува од 2012 година. Во текот на изминатите три години, бројот во таа група е намален за 38 милиони на 857,6 милиони, што е многу побрз пад од претходните години.

Лу Фенг, економист за труд на Универзитетот во Пекинг, рече дека демографските промени се „движечкиот фактор“ за падот на вработеноста во 2022 година.

Претходна вестУапсени двајца Американци, тајно продавале технологија на Русија
Следна вестПарс: Голем интерес за Катедрата за македонски јазик и литература во Турција