Тинејџер со мачета упадна во гимназија во Загреб

Непознато лице со оружје влегло во гимназија во Загреб.

Информацијата за „Јутарњи лист“ ја потврдиле од полициската управа во Загреб.

Како што  пренесуваат хрватските медиуми, полицијата интервенирала и нема повредени во инцидентот.

„Индекс.хр“ од повеќе извори дознава дека младиот човек кој упаднал во училиштето бил вооружен со мачета.

Се’ уште се истражуваат сите околности и мотивот зад овој настан.

Според информациите кои ги доби „Јутарњи“, станува збор за помладо лице кое не е ученик во оваа гимназија. Вооружениот млад човек влегол во една од паралелките од четврта година, заканувајќи му се на професорот.

Според неофицијални информации, позадината на инцидентот е врсничка расправија поради која младиот човек влегол во училиштната зграда.

По инциденот тој побегнал од местото, а полицијата трага по него.

Претходна вестБитолската млекарница ги намали цените на најпродаваните производи
Следна вестЗатекнати 20 мигранти во камион кај Смоквица, возачот побегнал