По масовните протести Грузија го повлече предлог-законот за „странски агенти“

Пратениците во грузискиот Парламент го повлекоа предлог-законот за „странски агенти“. Како што пренесе ДПА, соопштението доаѓа откако парламентот во јужнокавкаската република во вторникот на прво читање го одобри планираниот закон наречен „За транспарентност на странското влијание“.

Предлогот, кој официјално има за цел откривање на приливот на пари од странство, предизвика дводневни масовни демонстрации во главниот град Тбилиси, бидејќи критичарите стравуваат дека тоа е начин владата да ја запре опозицијата.

Предложениот закон би ги класифицирал невладините организации (НВО) и медиумите кои делумно, односно повеќе од 20 проценти, се финансираат од странство како „странски агенти“.

Поради овој контроверзен закон во земјата избувнаа големи протести, а грузиските власти употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Членовите на нарко-картелите наместо да бидат гонети се сликаат со функционери, тоа го нема ни во Колумбија
Следна вестЛевица: За два месеца Владата не задолжи 938 милиони евра