Силен воздушен напад врз Украина, детонации во скоро сите поголеми градови

Руските воздушни космички сили и морнарицата започнаа рано утрово околу пет часот жесток комбиниран ракетен напад низ цела Украина. Речиси сите градови под контрола на властите во Киев станаа цели на беспилотни летала и крстаречки ракети.

Градовите Харков односно цела харковска област, Одеса и Одеската област, Лвовската област и Днипропетровск, се без електрична енергија. Над Киев има густ црн чад, но засега нема информации што е нападнато во овој град, пренесуваат украинските медиуми.

Истовремено НАТО Алијансата започна операција за извидување, односно ќе им доставува на украинските власти податоци за движењето на руските ракети и бомбардери.

Нападот започна утрово, кога изненадно на небото над украинските градови се појавиле светлечки балони, набргу следел масовен удар со беспилотни летала

Детонации имало во главниот град Киев, Роно, Днипропетровск, Одеса, Николајев, Ивано Франковск, Лак, Лавив, и Виничката област. Нападите биле изведени со крстаречки ракети лансирани од Каспиското Езеро и Северна Русија.

Претходна вестРоверот на НАСА успеа да го сними првото зајдисонце на Марс
Следна вестУапсен крадец, полицијата го фатила додека ограбувал куќа