Уапсен крадец, полицијата го фатила додека ограбувал куќа

Крадец бил уапсен на лице место додека ограбувал куќа. Против него ќе биде поднесена пријава.

– Денеска (09.03.2023) во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(32) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово, информираат од МВР.

Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Претходна вестСилен воздушен напад врз Украина, детонации во скоро сите поголеми градови
Следна вестЗагина возач кој удри во патарина кај Куманово