Кинескиот министер за надворешни работи: „Невидлива рака“ не дозволува мир во Украина

Се чини дека украинската криза ја води „невидлива рака“ која е за продолжување и ескалација на конфликтот, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг. Тој уште еднаш побара започнување на мировните преговори.

– Невидливата рака ја користи украинската криза за да постигне одредени геополитички агенди. Конфликтот, санкциите и притисоците нема да го решат проблемот. Процесот на мировни преговори треба да започне што е можно поскоро со почитување на легитимните безбедносни грижи на сите страни“, рече шефот на кинеската дипломатија, пренесува АП.

Кинескиот министер најави и дека неговата земја не испорачала оружје на ниту една страна во украинскиот конфликт, во време кога американските власти зборуваат за неодредени „последици“ за Пекинг доколку испрати помош во оружје за Русија, пренесе новинската агенција Танјуг.

Претходна вестДебати власта требаше да прави пред прифаќање на францускиот предлог, а не сега
Следна вестДилема во Советот на Скопје: Дали и прлето од 15 килограми е домашен миленик?