Дебати власта требаше да прави пред прифаќање на францускиот предлог, а не сега

Владата на ДУИ и СДСМ најавува, односно форсира дебата за уставните измени кои сака да ги спроведе. Да, дебата, омилен збор на македонските политичари, посебно кога се на власт, а не можат да спроведат се како што наумиле.

Да, дебата во Македонија е потребна, но само кога е навремена. Дебатата би требало да служи за да се слушнат различни мислења и да се изберат најдобрите решенија и ставови по важни прашања за Македонија. Дебата за да се задоволи формата или дебата по веќе донесена одлука, е некако излишна, а за многумина и малку лицемерна.

Навремена ли е сега најавената дебата околу Уставот?

Власта повикува на дебата во општеството, треба да се дебатира околу уставните промени кои треба да почнат во мај и да завршат со внесување на Бугарите во македонскиот Устав до крајот на годинава. Повикот е до опозицијата, до експертска јавност, до сите засегнати со цел да се определи најдобрата формулација за ново менување на највисокиот државен акт.

Зошто дебата немаше пред да се прифати Францискиот предлог? Зошто тогаш ДУИ и СДСМ решија самостојно да носат одлуки, а сега се сетија на јавноста, опозицијата…?

Во одговорите на овие прашања моќеби и лежат причините на очигледно дека вистинска дебата нема да има со опозицијата. Опозицијата соопштува дека може да дебатира само за датум на одржување на предвремени парламентарни избори. Согласноста за менување на Уставот може да даде само доколку се добијат европски гаранции дека тоа ќе биде последно бугарско условување и дека нема да има нови во текот на преговорите за членство во ЕУ.

Дали ова ќе значи дека власта, практично, ќе дебатира сама со себе си? Исто како што си „дебатираше“ за прифаќањето на Преспанската спогодба со Грција и уставните промени врз основа на неа, кога беше игнориран дури и референдум, како што си дебатираа и за проблематичните образовни реформи, како…

Ќе дебатира ли власта само за да се слушне себе си и своите поддржувачи?

Претходна вестМајкл Кефи од МЗТ прогласен за играч на колото во АБА лигата
Следна вестКинескиот министер за надворешни работи: „Невидлива рака“ не дозволува мир во Украина