Мајкл Кефи од МЗТ прогласен за играч на колото во АБА лигата

Мајкл Кефи плејмејкерот на МЗТ Скопје – Аеродром е прогласен за најкорисен играч во 20-тото коло на регионалната АБА лига. Тој забележи 26 поени, 6 асистенции, по три скока и украдени топки за помалку од 32 минути поминати на теренот во мечот против ФМП.

Иако најголем индекс имаше Лука Божиќ од Задар, тој не беше прогласен за МВП бидејќи неговиот тим загуби, па така признанието отиде во рацете на Кефи кој имаше индекс на корисност 34 и е прогласен за најдобар од играчите на победничките екипи.

На следниот меч МЗТ ќе се бори за опстанок во АБА лигата на гостувањето кај Мега во Белград. Мечот ќе се се одигра на 12ти март со почеток во 12 часот.

Претходна вестКазнети 12 возачи на автобуси, превезувале ученици без дозвола
Следна вестДебати власта требаше да прави пред прифаќање на францускиот предлог, а не сега