Уапсена скопјанка барана со потерница

Дваесет и четири годишната скопјанка Б.Д. од Скопје која беше барана со потерница за издржување на затворска казна е приведена денес во населбата Лисиче. Осомничената се гони за крвично дело затајување по член 239 од Кривичниот законик.

– Денес во околу 10 часот во Лисиче – скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Д.од Скопје. Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години, се вели во соопштението на полицијата.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Претходна вестДилема во Советот на Скопје: Дали и прлето од 15 килограми е домашен миленик?
Следна вестЌе ги снема ударните дупки: Започна санација на ул. “Вера Јоциќ” во Кисела Вода