Радиоактивно возило сопрено на српската граница

На граничниот премин „Бездан“ меѓу Хрватска и Србија во саботата бил сопрен автомобил во кој се детектирани опасни радиоактивни материјали. Присутноста на радиоактивноста ја откриле сензорите поставени на самиот граничен премин. Според информациите кои ги пласираа српските медиуми, сензорите се огласиле предупредувајќи на високо ниво на радијација на радиоактивен материјал во возило.

По пријава, стигнала дежурна екипа која потврдила дека во возилото се наоѓаат радиоактивни елементи и дека има сериозно зрачење. На полициските и царинските службеници биле испратени на дополнителни проверки.

РТС пренесува дека во возилото се превезувало громобран, но истиот бил несоодветно складиран, односно бил во возило „ауди“, а тројца уапсени, државјани на Хрватска се осомничени за кривично дело „внесување на опасни материјали во Србија и недозволено преработување, одложува и складирање на опасни материи.

Претходна вестГрадоначалникот Муцунски не треба да кружи околу ветениот кружен тек кај ОУ „Блаже Конески“
Следна вестПолицијата трага по убијците кој вчера усмртија две лица во Чаршија