Четири деца се задушија во пожар во Нови Пазар, родителите со тешки изгореници

Четири деца се задушиле во големиот пожар, а нивните родители се со тешки изгореници во пожарот кој избувнал утринава во Нови Пазар, Србија.

Пожарникарите, како што се наведува, на местото на пожарот пристигнале за четири минути, но децата не можеле да се спасат.

Како што пренесува „Телеграф.рс“, децата биле на возраст од шест месеци, две, три и четири години.

Родителите се тешко повредени со изгореници од втор, трет и четврти степен и во тешка состојба се пренесени во болницата каде се борат за живот.

Пожарот бил забележан од двајца случајни минувачи но поради силината на пожарот иако се обиделе заедно со соседите да помогнат, не можеле да се приближат до станот. Еден од очевидците изјави дека пожарот најверојатно започнал во ходникот а иако службите пристигнале релативно брзо, на децата им немало спас.

-Го видов пожарот, ја отворив вратата и видов двајца момци како трчаат горе. Го скршивме стаклото за да го земеме противпожарниот апарат и се качивме горе. Брзо дојдоа противпожарната служба, брзата помош и полиција, изјави очевидецот .

Претходна вестПатишта опасни по живот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: За леб од 450 грама Владата плаќа 41,4 денари