Научна студија: Три шолји кафе на ден ги оштетува бубрезите

Новата научна студија откри дека пиењето три или повеќе шолји кафе на ден може да ги оштети бубрезите. Со студијата, која неодамна беше објавена, биле опфатени 1.180 возрасни лица на возраст од 18 до 45 години.

Испитувањето траело 16 години, секој од учесниците бил прегледан во текот на следењето, а додека ги разгледувале резултатите, прво забележале дека варијантата на генот (CIP1A2 rs762551) е присутна кај околу половина од учесниците, што значи дека нивното тело не го метаболизира кофеинот толку брзо. Тие исто така откриле дека оние кои побавно го метаболизираат кофеинот имаат 2,7 пати поголема веројатност да завршат со дисфункција на бубрезите ако пијат три или повеќе шолји кафе секој ден.

– Ова имплицира дека кофеинот може да ги оштети бубрезите, вели д-р Сара Махдави, водечки автор на студијата, како и истражувач од Одделот за семејна медицина на Универзитетот во Торонто, пренесува „Јадете ова не тоа“ (Eat this don’t that), истакнувајќи дека исхраната треба да биде индивидуализирана за секој човек.

Таа наведува дека студијата не укажува дека луѓето треба да престанат да пијат кафе, туку дека треба да го ограничат на една или две шолји.

– Оние кои консумирале една шолја дневно забележале придобивки вклучително и заштита од крвниот притисок. Така, на крајот на денот, тоа навистина зависи од поединецот и количината испиено кафе. Кафето содржи антиоксиданти и микронутриенти како што е калиумот, кои можат да бидат од помош за заштита на функцијата на бубрезите, како и за одржување на добар крвен притисок, вели Махдави.

Сепак таа нагласува дека внесувањето умерена количина кафе, односно по една шолја на ден може позитивно да делува на здравјето на бубрезите.

 

Претходна вестУапсен дилер, му нашле дома пола килограм марихуана
Следна вестОд 171 сообраќајна казна, 43 се за пребрзо возење низ Скопје