Уапсен дилер, му нашле дома пола килограм марихуана

Дваесет и пет годишниот Б.Н. од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана е приведен вчера. Тој е задржан во полициска станица.

– Во текот на вчерашниот ден околу 19 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Н. од Скопје.При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага, се вели во известувањето од МВР.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестГром предизвика пожар во охридско
Следна вестНаучна студија: Три шолји кафе на ден ги оштетува бубрезите