По долги и крвави борби Русите се на чекор да го освојат украински град Бахмут. Градот е веќе е напуштен од повеќе од 90% од предвоеното население.
– Украинската одбрана во и околу источниот град Бахмут беше притисната од комбинација на интензивни артилериски, минофрлачки и воздушни напади и значително распоредување на копнени сили, и редовни руски и борци од приватната воена компанија Вагнер, пренесува Си-Ен-Ен.
Според оваа телевизија падот на Бахмут би можел да значи дека силите на рускиот претседател Владимир Путин се подобруваат, учат од низата грешки што ги направиле досега во овој конфликт и конечно ја капитализираат нивната супериорност во бројност и огнена моќ.
Додека според Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) Украинците спроведуваат „ограничено тактичко повлекување“ од Бахмут, додавајќи дека се уште е рано да се зборува за целосно повлекување на украинските војници од градот.