Пред утрешниот ракометен меч на Македонија против Португалија, еден од подобрите македонски ракометари Томислав Јагуриновски изјави дека со цврста одбрана би можле да им парираме на Португалците. Тоа е нешто што според него мора да се промени од последниот настап на македонската репрезентација, а тоа е мундијалот во Полска.
– На овие два меча ќе бидеме без поискусните во составот. Против Португалија ќе играме без притисок. Добро знаеме за каков противник станува збор, но секако ќе се подготвуваме за победа. Мора да ја бидеме цврсти во одбраната, да го подигнеме нивото, да одиграме квалитетно со многу дуели, млади сме мора да трчаме на теренот, да бидеме агресивни. Не смееме да дозволиме да примаме многу голови како на Светското првенство, изјави Јагуриноски.
Првиот меч помеѓу Македонија и Португалија ќе се одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19:00 часот.