Приоритети на новиот министер за здравство Меџити: Решение за хаосот од возила, позитивна листа на лекови, поголеми плати..

Воведување ред во сегашниот хаос со возилата во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, надополнување на позитивна листа на лекови и поголеми плати за здравствените работници се приоритети на новиот министер за здравство неврологот Фатмир Меџити. На денешната средба со новинари тој како многу битни прашања за решавање го наведе и новиот клинички центар и регионализација на болниците.

Во однос на сообраќајниот хаос тој рече дека се консултираат со сите институции за да проблемот се реши во најкраток ро.

-Како второ да ја ажурираме промената на позитивната листа која не е ажурирана над 10 години. Како трето и многу битно, за пациентите секогаш да ги добијат најдобрите, најквалитетните, најиновативните аспекти во третманот на лекување и ќе направиме напори со сите институции со Фондот за здравствено осигурување, Министерство за труд и социјала, Министерство за финансии и со поддршката од премиерот да можеме да ги зголемиме платите на здравствените работници, рече Меџити.

Тој додаде дека е многу битно да се направи и нов ургентен, интернистички тријажен центар.

-Многу битно прашање кое долго време се поставува во државата кое е од голема итност и треба убаво да размислиме и да го продолжиме проектот за нов клинички центар и да направиме регионализација на сите болници во државата. И за регионализацијата и за клиничкиот центар имаме детален проект во програмата како ќе се одвиваат работите понатаму, најави министерот додавајќи дека се надева оти мартовската плата што здравствените работници ќе ја земат во април ќе биде со зголемување.

Меџити додаде дека клиниките за неврологија, дерматовенерологија, ендокринологија и очни болести ќе добијат нови директор. Нови организациски директори пак ќе добијат клиниките за онколошки болести и гинекологија и акушерство.

Претходна вестТешка сообраќајка кај скопска обиколница, еден починат и двајца повредени
Следна вестЈагуриновски: Мора да бидеме цврсти во одбраната