Конференција во Битола – „Од Естер до Естер, за храброста на жените“

Жени од Израел и Македонија во Битола одржуваат конференција – „Од Естер до Естер, за храброста на жените“. Конференцијата е посветена на првата Естер, еврејска кралица од персискиот период од пред 2000 г, а втората Естер, е Естерја Овадија Мара, еврејка и партизанка од Битола, која загина во 1944 година и е прогласена за народен херој.

На конференцијата учествуваат делегации од Израел со над 140 учесници, меѓу нив и Мирјам Перетз која беше кандидат за Претседател на Израел, градоначалници од Јa Бат Ури Бускила и од регионални општини во Израел Офир Липштаин, генералниот директор Шири Мадар како и Претседателот на здружението за културното наследство на Евреите од Битола, во Израел Шели Леви Друмер, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и други гости.

Конференцијата се одржува по повод меѓународниот ден на жената и 80 години од депортацијата на македонските Еврие во Треблинка и е поддржана од Еврејската организација „Histadrut zionit” и од Министерството за социјала на државата Израел.

Во рамки на програмата на конференцијата, вечер во свечената сала на Офицерски дом ќе се оддржи концерт на познати пеjачи, од Израел Шаи Аврамсон, Сара Ароести – ладино пеачка од САД, Хелена Суша од Скопје, Северна Македонија.

Претходна вестЈагуриновски: Мора да бидеме цврсти во одбраната
Следна вестПотпишан договор со „Бехтел и Енка“: За пет години државата треба да добие нови 110 километри автопатишта