Кошаркарот на Пелистер Донтеј Карутерс го доби признанието за најкорисен играч во 12. коло од АБА 2 лигата. Тој постигна 23 поени, 9 асистенции и по 5 скокови и украдени топки за индекс 35, највисок во овој круг.
Карутерс е прв играч на Пелистер што е прогласен за играч на колото во АБА 2 лигата оваа сезона откако претходно ТФТ Моцарт два пати имаше такви играчи: Александар Костоски во шестото и Трент Батрик во десеттото.
Интересно е тоа што во ова коло се истакна уште еден играч на Пелистер, Кенет Карпентер кој имаше трет највисок индекс (31).