Премиера на театарската претстава „На отворено море“ во Битола

Aктери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година. Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?

-На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола, пренесува МИА.

Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

Претходна вестИграч на Пелистер е МВП на колото во АБА 2 лигата
Следна вестВучиќ: Нема да го признаеме Косово ни фактички, ни де јуре